Германската компанија „Лидл“ ќе отвари маркети во осум градови во Македонија, соопшти премиерот Зоран Заев, според кој сигурно е дека еден ќе биде отворен во Скопје, а за другите се уште не се знае во кои градови ќе бидат отворени.

„Вредноста на инвестицијата е 300 милиони евра. Се преговараат во моментот локациите, прво во Скопје. Важно е што обврска на инвеститорот е откуп и продажба на домашни земјоделски и кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на ‘Лидл’ во југоисточна Европа“, рече Заев.