Германскиот трговски синџир „Лидл” ќе го отвори својот прв супермаркет и во Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин” (ЕСМ).

Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Северна Македонија”, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл” и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев.

Предвидено е „Лидл” на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.

Според неофицијални извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница и тоа во туристичкиот центар Охрид, а веќе се дискутира и за конкретна локација кај новата автобуска станица.