Лидерска средба со минимални очекувања

Наголемо најавуваната и очекувана лидерска средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот во Клубот на пратениците во Скопје.

Но, очекувањата средбата се – минимални.

Имено, Мицкоски најави дека останува на цврстиот став дека уставни измени под овие услови и под бугарски диктат нема да има и дека овој состав на Собранието нема мандат за такво нешто.

Премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Ковачевски од името на власта сака да се говори само за уставнитe измени кои се главен услов Македонија да ги започне преговорите со ЕУ.

Малку е веројатно дека власта ќе прифати предвремени избори што ги бара ВМРО-ДПМНЕ и по секоја цена ќе инсистира да го задржи мандатот до средината на следната година.