Во изјава пред седиштето на СДСМ, Ковачевски нагласи дека верува оти Алтернатива ќе влезе во Владата, но дека одлуката за тоа кој ќе биде мандатар/премиер ќе ја донесат партиските органи по завршувањето на внатрепартиските избори

На прашање дали како евентуален мандатар би се согласил Министерството за здравство да го земе Алтернатива, Ковачевски одговори дека за поделба на ресорите би се зборувало откако низ партиските процедури би се одлучило кој ќе биде премиер.

„Јас не можам да го коментирам тоа затоа што по завршувањето на изборот за претседател на партијата следува конгрес, така што низ процедурите на партиските тела се носи таа одлука која на крајот зависи и од коалициските партнери и од парламентот кој ја носи финалната одлука. Дури откако ќе се донесе таа одлука, може да зборуваме за конкретни кадровски решенија и за тоа кој би водел одреден ресор“,рече Ковачевски.