Прес-канцеларијата на премиерот го повика лидерот на партијата Потами, Ставрос Теодоракис, да разјасни дали ја сменил својата позиција во врска со поддршката за Пресповскиот договор, и повикувајќи се на пишување праша дали Теодоракис постигнал таен договор со главната опозициска партија Нова демократија на Кирјакос Мицотакис.
Партијата Потами вчера ја повика грчката влада, наместо да молчи, да побара од македонското раководство официјално и јасно да се обврзе, не само вербално, дека нема да покренува малцински прашања
Од Теодоракис се бара да разјасни дали тој го променил својот став за првична поддршка за договорот и, доколку е така, да ги открие причините.
Од прес канцеларијата велат дека сите загрижености што би можеле да произлезат од проблемите на „славомакедонското малцинство“ се „смешни“, бидејќи секој што го чита договорот може да забележи дека отфрла секаква дискусија за малцинство.