Лидерите на ЕУ синоќа ја потврдија одлуката што во вторникот ја донесоа министрите за надворешни работи за почеток на пристапни преговори со Македонија и Албанија.

„Денеска членовите на Европскиот совет ги усвоија заклучоците на советот за отворање пристапни преговори со с.Македонија и Албанија. Ова отвора нова страница за европскиот пат на с.Македонија и Албанија и претставува историска одлука за нив, за ЕУ и за Хрватското претседателство бидејќи е остванеа една од нашите главни цели“, објави на Твитер Хрватското претседателство со ЕУ.

Заседанието се одржа преку видео-конференциска врскаи беше посветено на мерките за одбрана од пандемијата на коронавирусот.