Екс пратеник на коалицијата на СДСМ која што гласаше за промена на уставот и промена на уставното име вели дека пратениците биле излажани при гласањето за Преспанскиот договор во уставот.

Лидерот на партијата ПЦЕР Самка Ибраимовски која е дел од коалицијата на СДСМ вели дека сега слуша од владата на вести дека Македонија ќе влезе во ЕУ до 2030 година и се смее.


Ибраимовски потсетува дека Македонија почна прва преговори со ЕУ, пред Хрватска и пред Црна Гора и Србија но дека сега не верува во 2030 затоа што во 2018 бил излажан од ЕУ и СДСМ дека со смена на името Македонија ќе почне преговори со ЕУ.

,,Изминаа 17 години а се уште сме во чекалната, не сме ни пред врата, и сега ќе ни кажуваат 2030 година. На ,,слатке речи” јас не верувам. Еднаш ме излажаа да гласам за Преспанскиот договор, затоа што пред да гласам на една комисија каде беа присутни од ЕУ во собрание ги прашав што добиваме, ни рекоа НАТО и влез во ЕУ. Влеговме во НАТО а за ЕУ услов се Бугарите во уставот.

Да знаев за вакво нешто немаше да гласам за Преспанскиот договор, или ќе поставевме ние наши услови. Затоа сакам да им порачам Македонија во ЕУ до 2027. Се друго е фарса”, вели Имбраимовски кој беше и министер во владата на СДСМ.