По веста за приведување на пејачот Ламбе Алабаковски, како сомничен за пожарот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, адвокатите Драган Пешевски и Јанаки Митровски јавно се пријавија за про боно одбрана на пејачот,објави „Лидер“

„Ja и Janaki Mitrovski јавно се пријавуваме за pro bono одбрана на Ламбе!!! Нека разберат клетите фашисти!!!, пишува адвокатот Пешевски на својот фејсбук профил.

Од минимални 6 месеци до максимални 5 години е затворската казна која може да ја добие предизвикувачот на пожарот во бугарскиот клуб во Битола.

Човекот кој со бензин ја полесно ја запалил влезната врата од клубот Ванчо Михајлов од страна на истражните органи се гони за кривичното дело ,,Предизвикување на општа опасност” според членот 288 од Кривичниот законик.