Кариера и личен развој – Како да се справите со конфликт

Во интервју за expres.mk Dr. Sci. Мирјана Пехчевска Поп-Илиева – сертифициран SDI© фасилитатор меѓу другото ни открива што е конфликт и како може тој да се надмине или избегне.

Интервјуто го подготви Катерина Златановска Попова, сертифициран кариерен советник.

Фото: Проф. д-р Јане Ацевски

Конфликтите се неизбежни во секојдневието и најчесто се случуваат поради недоразбирање, кое пак влијае на успешноста во нашето работење и живеење. Тоа влијае и на успешноста на тимовите, на продажбата, односот кон клиентите, на релациите со нашите најблиски.

Што е тоа што „ може да ве извади од кожа„? Политичката состојба, неправедност кон колегите од страна на директорот, партнерот кој постојано е опкружен со друштво наместо да поминува повеќе време со вас, пријателката која постојано „се жртвува“ за останатите, луѓе кои не покажуваат емпатија, коментарот на таксистот, пост на фејсбук…

Сето ова предизвикува стрес, негативни емоции и различни притисоци кои влијаат на нашиот секојдневен живот. Како да се заштитите и да си овозможите поквалитетен живот?

Expres.mk: Што се подразбира под конфликт
?

Конфликтите настануваат секојдневно во животот, уште од најрани години, и траат се до крајот на животот на човекот. Малите деца се караат за играчки, младите бараат права, возрасните имаат конфликти околу работата, политиката, парите, одговорностите и др., а старите пак за здравството или пак грижата за нив. Несекогаш конфликитите се од многу важно значење во животот, како некои општествени права, глобална политика, меѓународни судири и др.

Понекогаш тие се беззначајни конфликти за многу мали нешта но понекогаш се од одгромни размери. Конфликтот како појава во секојдневната употреба, подразбира судир на интереси, мислења или пак убедувања, помеѓу две или повеќе лица или пак групи, кои користат сила за да победат или пак да се одбранат.

Expres.mk: Колку не’ чини конфликтот?

Кога сме во конфликт трошиме многу време и огромна енергија на непотребни работи како дообјаснување, неубави чувства, внатрешен немир, разговор сам со себе кој ни одзема многу од продуктивното време, итн. Најчесто конфликтот е провоциран од изјави кои директно ни го “напаѓаат” мотивацискиот вредносен систем како што се:

– Екстремни изјави ,,Никогаш не ме слушаш …. Ти секогаш мислиш на,, oва асоцира на напад кој пaк предизвикува дефанзива и незаитересираност за соработка

– Закани – Ако не го сториш ова….,,можe да ја блокираат комуникацијата и да предизвикаат лоши чувства на присилба

– Неискреност и лаги – неискреноста во комуникацијата е основниот проблем заради кој се јавува недоверба и тоа е најголема пречка за разрешување на конфликтот , затоа што страните во конфликтот во таков случај воопшто не се заитересирани за изнаоѓање на репение. Тие остануваат на дистанца.

– Предизвикување чувство на вина во процесот на решавање на конфликтите едната страна поставува такви услови кои другата не може да ги прифати . Доколку условот е поставен во стилот .. Јас не го правам тоа ако ти го направиш ова… А поставениот услов е невоможен другата страна се чувствува виновна за науспехот. Тогаш комуникацијата е невозможна.

– Постојано повикување на поранешните грешки на другата страна фрлање в лице на соговорникот, неговите поранешни грешки, неуспеси и проблеми доведува до чувство на безпомошност. Во таков случај може да се очекува решавање на конфликтот, затоа особено е важно во конфликтните ситуации фокусирање на сегашноста.

Сите овие изјави се базираат на разнишување на сопственото чувство за тоа колку вредам ЈАС. Луѓето имаат различни “мотиви” на кои реагираат конфликтно и тоа секогаш без исклучок кога се “загрозени” нашите животни вредности.

Expres.mk: Како да се справиме со конфликтите кои се секојдневние во нашите животи?

Постојат два начина на справување со конфликтите. Едниот начин е со конструктивен пристап со кој се извлекуваат позитивни решенија и се усогласуваат недорарзбирањата околу вредностите. Со овој пристап градиме доверба, нудиме кооперативност, напредок и креативност во решавањето на проблемите, а притоа креираме пријателски однос и разменуваме информации.

Другиот пристап е деструктивниот пристап и тогаш најчесто конфликтот завршува со негативни последици. Додека сме во деструктивна фаза на решавање на конфликтот недовербата расте, со тоа се зголемува и насилството и се создава тензија и се поголем е недостатокот на соодветни информации кои треба да не водат кон надминување на конфликтот.

За да се справиме со конфликтот потребно е да создадеме ефективна атмосфера, да ги расчистиме различните перцепции и да се фокусираме на реалните потреби и вредности. Со ова креираме нов поглед и воедно генерираме нови можности со создавање на договор и взаемно скалило за успешно дејстување.

Постојат различни стратегии и секој од нас ја бира свесно или несвесно онаа која најлесно и најбрзо може да го „извлече“ од состојбата на конфликт. Постојат и повеќе методи и алатки, како што е SDI©

Методологија која нуди индивидуален, практичен и применлив пристап во препознавање и спречување на конфликтот, бидејќи колку и да звучи неверојатно, изборот дали ќе ја прифатиме „поканата„ за конфликт или не, на крајот е индивидуална и многу лична, секогаш поврзана со сопствените вредности и она што на секој од нас одделно му е важно.

Доколку секој од нас работи на својот личен развој и на освестување на сопствените вредности, се обиде да ги разбере и да се прилагоди на потребите на другите, не само што ќе се ослободи од стресот кој со себе го носи конфликтот туку и ќе се здобие со поквалитетен живот.