Мала анализа на ликовите на партиските функционери од кои вчера лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски доби мандат да преговара со ВМРО-ДПМНЕ покажува сосема различни чувства од триумфализмот кој го турка Бихаќка во јавноста обидувајќи се да прикаже дека ВМРО-ДПМНЕ попуштила а власта победила за уставните измени.

Од фотографиите кои ги објавува Ковачевски на социјалните мрежи не може да се види ниту еден весел лик кој е задоволен или среќен од ситуацијата.


Напротив сите сликани високи и пониски функционери на СДСМ со својата максилофацијална експресија искажуваат загриженост за тоа што ги снаоѓа.

За траорната претстава на Бихаќка да биде целосна се погрижи генералниот секретар Миле Зечевиќ кој додека партискиот шеф држи важен говор си гледа во својот телефон што исто така може да биде порака во каква ситуација се наоѓа Ковачевски.

Меѓу сликаните и објавени загрижени лица на настанот на СДСМ на објавата на Ковачевски ја нема потпретседателката и шефица на УЈП Сања Лукаревска која седи на масата на лидерот но од нејасни причини ја нема на објавените фотографии на премиерот.