„Либертас“ открива кој и како спречил Фрчкоски да стане амбасадор

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обезбедила докази а Обединетата Македонска дијаспора (ОМДЛ ги убедила американските власти дека Фрчкоски не заслужува да биде амбасадор во САД.

Во текст со наслов “ОМД сепак победи Фрчкоски да не биде наш амбасадор во САД” порталот Либертас каде Фрчкоски објавува свои колумни објавува дека
лобирањето на Обединетата македонска дијаспора во САД, поточно нејзиниот челник Мето Коловски победиле и издејствувале Фрчкоски да не биде прифатен како амбасадор во Вашингтон.

Либертас тврди дека ОМД е блиска и инклинира кон националистичките структури во Македонија.

Според порталот зад враќањето на Фрчкоски стои ВМРО-ДПМНЕ која обезбедила аргументи за блокадата на екс министерот во Вашингтон.

“Сужејќи се со аргументи од типот човек кој бил предмет на лустрација и бизарности дека е тепач на паркинзи успеала да убеди сенатори за да го испроблематизира прифаќањето на Фрчкоски за новиот амбасадор во САД.

Успеале во убедувањето дека ОМД и нашата тамошна дијаспора нема да соработува со него како амбасадор.

Улогата на опозициската ВМРО ДПМНЕ во ова лобирање било да им обезбедат на челниците на ОМД валкани аргументи дека Фрчковски е тепач на жени за да го претстават како сексист и дека бил лустриран со законот за лустрација кој за воља на вистината е оспорен но и послужи на тогашната влада на Груевски за пресметка со многу нивни критичари и неистомисленици.

Според Либертас “Дипломатските извори” на некој медиуми и на пратеникот Милошоски кој вчера се пофали на фејсбук дека Фрчкоски извисил е всушност челникот на ОМД кој ги информирал дека лобирањето дало резултат “да создаде резерва Фрчкоски да биде прифатен за амбасадор”, пишува порталот близок на Фрчкоски.

Причината за враќањето на Фрчкоски според информацијата што ја објави Милошоски е тоа што тој не може да добие НАТО безбедносен сертификат.

Целата информација на Либертас