Спикерот на Собранието, Талат Џафери, денеска имал средба со претставнички на организација на македонски граѓани во дијаспората, на која се разговарало за проблемите на македонските државјани надвор од земјата и за начинот на кој може да се подобри комуникацијата со нив.
Од средбата со претставничките на Форумот за демократска Македонија излезе фотографија која што го покажува естетскиот и протоколарен хаос во Собранието.
Лежерните гостинки од ФДМ се облечени како за на пазар, без елементарно почитување на државниот протокол, кој што налага соодветна облека и однесување.
Една од гостинките на средба со вториот човек по хиерархија во државата дошла во влечки.
Останува прашањето зошто протоколот и кабинетот воопшто се согласиле на средба во услови на крајно непочитување на институцијата парламент и спикер на собранието.
Пристојно облечената госпоѓа крајно лево е генералниот секретар на законодавниот дом, Цветанка Иванова, која заедно со Џафери била домаќин на средбата.