Левски ѝ се пожали на УЕФА за скапите билети за утрешниот меч со Шкупи во Скопје

Претставникот на Бугарија во Лигата на конференциите, Левски, се пожалил до делегатот и до комесарот на безбедсност на УЕФА за скапите влезници за утрешниот прв дуел со Шкупи во Скопје од второто квалификациско коло.

Левски се жали за цената од 1.200 денари за нивните навивачи, во споредба со 150-200 денари за фановите на скопскиот тим за натпреварите во кои е домаќин.


Во прилог на својата жалба Бугарите ги наведуваат и цените на влезниците од 250-300 денари за мечот Македонија – Бугарија од Лигата на нациите минатиот септември на Националната арена „Тодор Проески“.

Од Левски и информацијата дека на Деве Баир денеска не му било дозволено да влезе во Македонија на францускиот интернационалец Жереми Петрис, кој имал само лична карта, а пасошот си го заборавил во Софија. Првично, требало лице да тргне од главниот град на Бугарија за да го донесе документот на граница, но се излезе дека издавачите на станот на Петрис не се во Софија и само фудбалерот има клуч од станот. Така дефанзивецот требаше да се врати назад и повторно да замине во Скопје со својот пасош.