Левица со 102 тужби за изборите до Управен суд

По отфрлањето на приговорите од Државната изборна комисија, Политичката партија Левица денеска поднесе 102 тужби до Управниот суд во врска со изборниот процес, откако ДИК отфрли над 1.800 приговори од оваа партија.

За тужбите, Управниот суд најверојатно ќе се изјасни на седница кој би се одржала утре, дознава Алсат.

Денеска, на пет посебни седници управните судии расправаат по 75 тужби поднесени од коалицијата “Алијанса за Албанците” и “Алтернатива”, како и за една од партијата “Интегра”.

Се очекува денеска ваква иницијатива да поднесат и од ВМРО ДПМНЕ.

Откако Управниот суд ќе донесе одлука по сите тужби, ДИК ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 15 јули.