Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1.300 амандмани до собранискиот архив за измените на Законот за аудио-визуелни медиумски услуги со кој би се вратила можноста влкадата да се рекламира на националните телелевизии.

Од партијата велат дека со овој чин ќе се помогне, како што велат, недемократското и авторитарно дејствување на властите.

„Нашите пратеници нема да дозволат јавниот простор и слободната мисла да бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим“, стои во соопштението од Левица.

Од ЗНМ и ССНМ, повеќе пати беа децидни против директното финансирање на медиумите од буџетот, предупредувајќи на лошото искуство со државното финансирање на медиумите.

Но, национални, локални и регионални телевизии и радија, се залагаа за спротивното, бидејќи забраната за државно рекламирање и отсуството на дел од тој буџетски колач, им предизвика финансиски проблеми.