Летово нема да има патарини за српските туристи низ Македонија

Во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, синопќа премиерот Зоран Заев хнајави можност српските граќани кои летово ќер заминат на одмпор во соседна Грција да не плаќаат патарини, во знак на благодарност на Срија која бесплатно вакцинираше илјадници граѓани минатиот викенд а досега донира 28.000 дози вакцини плус дополнителни во најава.

ОВаа иницијатива беше покрената како пшредлог и на социјалните мрежи.

„Не можете да се раздолжите кон ваков чин пријателство. Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но сепак Србија дала пари на граѓаните за тие вакцини. На пријателството да вратиме со пријателство“, рече Заев кој уште еднаш повтори дека владата направила сè што може за набавката на вакцини.