Летонија го повика НАТО да ѝ „дозволи“ на Украина да ја нападне Русија!

Летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс побара од НАТО да ѝ „дозволи“ на Украина да го користи оружјето доставено од Запад за напади длабоко на руска територија.

Шефот на летонската дипломатија ова го изјави во интервју за „Блумберг“ на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во вторникот во Букурешт.

Конкретно, оружјето треба да се користи за напад на локации што ги користи Москва за ракетни напади врз критичната инфраструктура на Украина, предложи Ринкевичс.

„Треба да им дозволиме на Украинците да користат оружје за да гаѓаат ракетни локации или аеродроми од каде што се започнуваат тие операции“, рече тој.

Наспроти постојаните предупредувања од Москва до Западот да не ја снабдува Украина со разновидно оружје, сугерирајќи дека тоа на крајот би можело да резултира со директен конфликт меѓу НАТО и Русија, Ринкевичс ја отфрли таквата загриженост, нагласувајќи дека Алијансата „не треба да се плаши“ од ескалација.