Зошто министерот за здравство носел мобилен телефон во операциона сала е прашањето кое го поставуваат голем број на луѓе на социјалните мрежи.

Ова прашање заедно со уште неколку други дилеми според многумина ќе треба да го утврди лекарската Комора на Македонија.

Филипче вчера се пофали дека на нова година учествува во операција на пациент а од објавените фотографии од него се гледа дека за време на интервенцијата во џебот од лекарска униформа има мобилен телефон.

Носење на мобилен телефон при интервенции на пациенти или нивни преглед не е дозволена според правилата на медицинските лица.

Покрај етичкиот проблем со средства за комуникација сериозна причина за не одење на телефон е што истиот може да е закана за пациентот затоа што не е дезинфициран согласно болничките протоколи и може да биде средство за пренос на зараза.

Претходно неколку здравствени работници беа казнети за сликање во простории каде се вршат интервенции.

Посебен проблем е зошто Филипче објавува фотографии од операциона сала и кој му дозволил да го направи тоа.

Доколку се работи за директорот на клиниката каде е изведена операцијата и тој пред лекарската комора ќе треба да објасни зошто дозволил фотографирање во операциона сала.

Линк до ПОСТОТ на Филипче

https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2588845591422458/?sfnsn=scwshmo

За дел од луѓето на социјалните мрежи не помалку важен аспект на инцидентот соФилипче е тоа што телефонот во џебот од неговата униформа е свртен со камерата кон пациентот со што се отвара и дилемата дали Филипче можеби го снимал пациентот за време на интервенцијата.

За многумина најголем проблем е што Филипче вчера под превезот на наводна поддршка на медицинските лица се обиде да направи ефтини политички поени во ситуација кога секојдневно умираат десетици пациенти а само за пример во штипската болница докторка работи со договор за дело за мизерни 17 илјади денари.

Посебна приказна е што министерот завчера вети дека за нова година ќе биде со семејството и не го испочитува тоа.

Филипче вчера најави едно вечерва направи друго

Најчитана вест

Наводно го замолиле да молчи

Филипче не кажува, медиуми знаат за колку вакцини се преговара со „Фајзер“

Анкета: Македонија најнесреќна земја на светот