Лекарката Анџелик Куци која го откри сојот омикрон во интервју за германскиот магазин „Велт“ кажа дека трпела притисок.
Таа тврди дека „никој во Европа не сакал да слушне дека омикрон е поблага варијанта на корона“, и дека била под притисок од неколку влади да не зборува за тоа така.
„Ми рекоа да не зборувам јавно дека омикрон предизвикува лесна форма на болеста. Од мене беше побарано да се воздржам од такви изјави и да кажам дека се работи за сериозна болест. Одбив“, изјави таа за Велт.
Во Јужна Африка каде се појави омикрон сојот на коронавирусот, сега доминира стелт омикрон.