Фондот за здравство на лекарите од примарното здравство им најавил исплата на капитацијата по стари пресметки, иако бепше одлучено од 1 јануари капитацискиот бод да се зголеми. По реакцијата на лекарите, од Фондот рекле дека има грешки во софтверот и ИТ сектор ќе ги исправи недостатоците.

Од 1 јануари 2023 година се зголеми вредноста на капитацискиот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63 на 75 денари, а за матичните лекари стоматолози зголемувањето ќе биде од 48 на 61 денар по пациент.

Фондот рекол дека се останува како што е договорено и дека ќе се коригира пресметката за два дена. Испратени биле стари пресметки и утре ќе бидат креирани пресметки на капитацијата со новоутврдената вредност на капитациониот бонд.

Ова било само увид во капитациска пресметка. Ординациите парите ќе ги добијат во април , бидејќи исплатата на капитацијата доцни два месеци.