Специјалистот од институтот по Судска медицина во Скопје е шестиот Македонец што го развиорил македонското знаме на врвот на светот.

Лекарот Златко Јаќоски на 19 мај годинава го освоил врвот Монт Еверест висок 8.848 метри.

Во објавата на планинарскиот клуб „Македон“ на нивната Фејсбук страница се наведува дека по големиот потфат Јаќоски се чувствува добро.

,,Честитки за огромниот успех и му посакуваме да се одмори во базниот камп, каде се чувствува одлично! Сонот може да стане реалност, само треба да веруваме во него”, објави планинарскиот клуб.

Досега пет македонски планинари го освојуваа покривот на светот: Димитар Илиевски-Мурато во 1989 година, Глигор Делев во 2007 година, Сашко Кедев во 2009 година, Илина Арсова во 2013 и Здравко Дејановиќ во 2014 година.

Јаќоски треба да пристигне во Македонија до крајот на неделава.