Лекар: Нема „Ивермектин“ за лекување Ковид во аптеките

Докторот Ненад Лазаров ја негираше информацијата на Министерството за здравство според која од денеска лекот „Ивермектин“ кој се употребува во лекување на вирусот Ковид 19 веќе од денеска е достапен за граѓаните во аптеките.



„Еве лажна вест! Лекот ГО НЕМА во аптеки, а ниту еден матичен лекар не е информиран ниту се дадени никакви препораки.

Касниме месеци, а тоа ефектуира изгубени животи. Скандалозно е екскомуницирањето на цело примарно здравство, 80% од COVID19 тука се менаџира. Срамно е лажењето а штетен е ефтиниот Пи-Ар“, стои во неговиот пост.