Македонската фолк легенда Блага Петреска која никогаш досега не дала јавен коментар за некое политичко прашање денеска јавно изрази поддршка за професорката Гордана Силјановска и посака таа да стане претседател.
Причина за поддршката се нејзините аргументи, став и визија искажани во Струга.
„Гордана Силјановска беше врв со аргументи со став и визија, јас и верувам и би сакала да победи“, напиша Петреска во дебата на социјалните мрежи за конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која Силјановска ги искажа своите ставови по што беше избрана за кандидат за претседател на опозицијата.