„Легенда“ е описот за Кирил Лазаров во твитот на официјалниот налог на 27. Светско првенство во Египет посветен на најдобриот македонски ракометар на сите времиња.

„22 години подоцна тој се врати во земјата на фараоните. Легенда“, стои во твитот за 40-годишниот капитен на Македонија, кој и на стартот против Шведска беше најефикасен во македонскиот состав со пет гола.