Добрососедски односи се прават на реципрочна основа, затоа што треба да имате навистина пријателски односи помеѓу двете држави. А, ние за жал имаме асиметричен однос помеѓу нас и Бугарија. За жал се дозволува притисокот да биде на наша страна иако фактите говорат нешто друго. Имаме 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права кои што велат дека правата на Македонците во Бугарија се загрозени. И ние продолжуваме да разговараме на асиметрична основа каде што не се поставуваат прашања за нашите права таму. И дипломатската мисија која што ја спроведува Бугарија е повеќе поради неспособноста и постапките кои што ги прави нашата Влада односно корумпираната Влада на СДС и ДУИ“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.
Лефков додаде дека власта упорно молчи и не реагира на провокациите кои што доаѓаат од страна на Бугарија.

„Тоа не се првите провокации кои што се случија деновиве од страна на Бугарија, јавноста е сведок на такви провокации и од минатото. Провокации од страна на официјални лица кои што доаѓаа од Бугарија во посета на Македонија, и сето тоа беше игнорирано од страна на МНР“, заклучи Лефков.
Тој посочи дека триото Османи, Ковачевски и Маричиќ не се грижат за угледот на Македонија. Токму тие ненавремено се спротивставија на кампањата која што ја води Бугарија против Македонија.

„Имаме криминал кој што го гледаат нашите стратешки партнери, нели од САД, гледаме дека има огромен криминал кој што го гледаат и нашите партнери од ЕУ. Еве ќе потсетам ОЛАФ агенцијата која што се бори против злоупотреба на европските пари, од 36 отворени истраги дури 18 се однесуваат на Македонија. Еве ќе го запрашам Османи кој е координатор на ИПА фондовите. Национален координатор е Бојан Маричиќ, тој е кој што треба да координира како и каде да се планираат да се трошат тие пари“, појасни Лефков.

„Факт е дека 70% од Македонците сметаат дека живеат во држава која што се движи во погрешна насока. А, ако ги прашаат поради што, тие ќе одговорат дека е поради корупцијата, поради криминалот“, рече тој.

„Османи е на чело на онаа Влада која што е потопена во криминал и тој сега се обидува повторно да ги извртува тезите и позади европското знаменце како што прави во Собрание се обидува да го сокрие криминалот и корупцијата“, нагласи пратеникот.
Тој укажа дека власта лиферува со бројки на пратеници колку им недостасуваат за уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени, и на тој став останува.