На 8-миот конгрес на Либерално-демократската партија што ќе се одржи утре под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“, партијата ќе го избира новиот претседател.
Свое претставување ќе има кандидатката за претседателка на партијата Моника Зајкова.
Зајкова доаѓа на местото на Горан Милевски, кој одлучи, поради приватни причини, да се повлече од лидерското место во Либерално-демократската партија (ЛДП) но и од позицијата министер за локална самоуправа.
