Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Уставниот суд и Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска на своите електронски адреси добиле пораки со заканувачка содржина и дојави за бомба во нивните објекти.

„Сепак, проверките на антитерористичките единици на МВР покажале дека се работи за лажни пријави.

„Од страна на полициските службеници веднаш се преземени соодветни мерки и извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,соопштија од МВР.

Последниот пат кога беа испратени заканувачки пораки за поставени бомби беше на 30 декември, кога вакви дојави добија девет училишта во Скопје.