Маж од Македонија на возраст од 33 години и 42-годишен жител на Дортмунд се приведени на 21 март од германската полиција за лажно претставување како полицајци и ограбување стари лица.
Двајцата се осомничени како членови на банда измамници, кои им телефонирале на постари лица за да им предадат на лажните полициски службеници големи суми пари, велејќи им дека во банките и дома веќе не било безбедно, соопштија полицијата и државното обвинителство.
Државјанинот на Македонија е ослободен од притвор, бидејќи немало основа да се држи зад решетки, а жителот на Дортмунд се брани со молчење и останува во притвор.