Преку лажен профил на Фејсбук со името на актерот Игор Џамбазов, непознати лица барале пари од граѓани.
Порталот „Локално“ објави принт-скрин од комуникација со некој кој се претставувал како Џамбазов на 22 декември, но до средба за да ги даде парите не дошло.
Непознатиот го започнал разговорот на ист начин, со „Како си царе“, а потоа следувал и останатиот дел од разговорот, каде се бараат пари.
„Треба утре да замине на контрола, да кажат докторите за што точно се работи, но потребни му се 200 евра за контрола“, пишувал лажниот Џамбазов.
„Локално“ пишпува дека ваков обид за измама имало и порано.