Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, се надева дека двократниот европски шампион Вардар ќе ја преброди финансиската криза и ќе се врати на патеките на славата.

„Вардар направи многу нешта, дури и повеќе отколку што се очекуваше. Најголемите заслуги одат кај Самсоненко, вложи многу и работеше паметно, беше и многу упорен. Ако политиката се вмеша, ќе биде лошо. Но, Вардар е институција и се надевам дека сè ќе биде в ред. Потребен им е на македонскиот спорт и народ“, изјави најдобриот македонски ракометар во интервју за хрватски „24 сата“.