Кирил Лазаров, кој имаше деби од соништата како селектор и играч на Македонија, не го крие задоволството од спектакуларниот триумф над олимпискиот и светски шампион Данска.

„Среќен и горд сум за цела Македонија, затоа што со нас имале многу и добри, ама и лоши моменти. Сега сум цврсто на земја, затоа што треба да работиме многу. Благодарност до целата македонска јавност, во 99 проценти од случаите по назначувањето добив поддршка. Но, ова е само почеток, јас знам што е спортот и го знам нашиот македонски менталитет“, изјави најдобриот македонски ракометар во историјата, сега истовремено и „диригент“ на националниот тим од клупата.