Лазаров со специјално дизајнирани патики со македонското знаме во Келн

Знамето на Македонија, заедно со неговите иницијали и бројот на дресот 7 ги красат новите патики на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, специјално дизајнирани од производителот „Хумел“ за завршниот турнир од Лигата на шампионите претстојниот викенд во Келн.

За селекторот и капитен на македонската репрезентација тоа ќе биде седми фајналфор и деветто полуфинале во најсилното клупско ракометно натпреварување во Европа, во кое неговиот Нант в сабота во арената „Ланксес“ ќе се судри со Барселона. Во другиот дуел за финалето ќе играат Пари Сен Жермен и дебитантот Олборг од Данска.

Токму со каталонскиот гигант Лазаров во 2015 година го освои својот единствен шампионски пехар во ЛШ, каде што со Нант ќе атакува на своето петто финале.