Лазаров расположен против ПСЖ, но славеше Раул Гонзалес

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров беше најефикасен со Валеро Ривера во Нант, но Пари Сен Жермен на донеодамнешниот македонски селектор Раул Гонзалес го доби францускиот дуел во Лига на шампиони со 35:31 како гостин.

Лазаров постигна шест гола од 12 обиди, но неговиот тим не успеа против лидерот во групата Б со 20 бода, а Нант остана четврти со девет.