Лазаров: Прифатив да бидам селектор зошто верувам во оваа репрезентација

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, сега веќе и селектор на репрезентацијата на Македонија, е уверен во нејзиниот потенцијал.

„Немаше да го прифатам овој предизвик ако не верував во овие момчиња. Имаме потенцијал и имаме квалитет. Мислам дека она што ни се случи во Египет не беше вистинската слика на Македонија. Тврдам дека сме доста поквалитетни, можеме да се носиме со посилни противници. Ќе направиме добра стратегија, нов систем на игра, свесен сум дека тоа нема да оди брзо, но ќе нема време за поправање. Сигурен сум дека сме на вистинскиот пат за оваа селекција да остане најуспешна“, изјави по промоцијата десниот бек на Нант, кој и официјално ќе дебитира на кормилото на македонскито национален тим во мартовскиот двомеч со старо-новиот светски шампион Данска во квалификациите за следното Европско првенство.