Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е позитивен на коронавирус.

Десниот бек на Нант е еден од двајцата играчи на францускиот тим со позитивен тест на Ковид-19 направен вчера, поради што Европската ракометна федерација го одложи натпреварот со Целје на кој требаше да биде домаќин утревечер.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација се наоѓа во домашна изолација и засега се чувствува добро.