Најдобриот македонски ракометар, селектор и капитен на репрезентацијата Кирил Лазаров ќе игра уште една сезона, откако го продолжи договорот со Нант.

„Уште клубот нема објавено официјално, но ќе одиграм уште една сезона во Нант, можеби со помала минyтажа. Да се простам пред празни трибини ќе беше лошо. Не инсистирав само јас, туку и мојот клуб, затоа што имам добра сезона“, изјави македонската ракометна легенда по победата над Швајцарија на крајот од успешните квалификации за Европското првенство.

Четириесетгодишниот Лазаров во досегашниот тек на сезоната постигна 46 гола за Нант во Лигата на шампионите.