Лазаров ефект: Човекот што никогаш не загубил меч како селектор

Данскиот ракометар и сопственик на портал за ракомет Расмус Бојсен објавува дека Данска која е светски првак го загубила првиот меч по 13 натпревари кои ги завршила со победа.

За македонската ѕвезда Кирил Лазаров кој го водеше тимот и на паркетот и како стратег Бојсен на шега пишува дека Лазаров е непоразен како македонски селектор.

Натпреварот против Данска беше првиот меч на Лазаров како селектор.

Начинот на игра на Македонците против светскиот првак поради влијанието на новиот селектор Бојсен го нарекува “Лазаров ефект” .