Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за превентивен напад врз Русија „ја потврдува заканата од Киев и неопходноста на специјалната воена операција“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Кремљ: Барањето на Зеленски НАТО да ја нападне Русија е монструозно

„Вчера, Зеленски ги повика своите западни господари да извршат превентивен нуклеарен напад врз Русија. На тој начин, предметната фигура суштински му презентираше на целиот свет очигледни докази за заканите од режимот во Киев, заради што беше покрената специјалната воена операција“, изјави шефот на руската дипломатија.

Украинскиот претседател на вчерашната дискусијата со австралискиот тинк-тенк „Lowy Institute“ рече дека НАТО треба да изврши напади врз Русија за да спречи каква било употреба на нуклеарно оружје. Зеленски не ппрецизираше какви напади има предвид.