Вооружениот судир во Ураина ќе продолжи се додека Западот не се откаже од плановите да доминира и да ја порази Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, цитиран од Ројтерс.

Според него, целта на колективниот Запад предводен од САД е да ја зајакне својата глобална хегемонија.


Зошто не завршува вооружената пресметка во Украина? Одговорот е многу едноставен – ќе продолжи додека Западот не се откаже од плановите да ја задржи својата доминација и не ја надмине својата опсесивна желба да и нанесе стратешки пораз на Русија преку нејзините марионети во Киев, објасни Лавров.

Тој нагласи дека во оваа фаза нема знаци за промена на позициите.