„Конфликтот ќе заврши само кога Украина повеќе нема да биде воена закана за Русија, изјавуи министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров како услов за завршување на војната.
Лавров, исто така, за новинарите дека загриженоста за безбедноста на неговата земја е една од главните причини за војната, која започна со руската инвазија на 24 февруари минатата година.

„Украина, како и секоја друга територија што се граничи со Русија, не треба да биде домаќин на воена инфраструктура што претставува директна закана за нашата земја“, рече Лавров.

Според него „целите на специјалната воена операција не се измислени“, туку се „дефинирани од основните, легитимни безбедносни интереси на Руската Федерација“.

Коментарите на Лавров уследија по шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро може да започне нова мобилизација за да започне нова офанзива во Украина.

Досега, ниту една вистинска шанса за мировни преговори не можеше да се оствари бидејќи Киев и Москва не можат да ги усогласат основните прашања како што е признавањето на четирите украински територии – Доњецк, Херсон, Луганск и Запорожје – анектирани од Путин во септември.