Еден ден откако американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер беше осудена на девет години затвор за поседување и транспорт на дрога (увоз на помалку од грам масло од канабис во Русија), рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена да разговара со Вашингтон за размена на затвореници. пренесува Der Standart.

Размената мора да се направи дипломатски, предупредувајќи дека постои посебен канал договорен од претседателите на двете земји за да разговараат за размената на затвореници и „без разлика кој што кажува јавно, овој канал останува актуелен“.

„Подготвени сме да разговараме за ова прашање, но во рамките на патот што го договорија претседателите Путин и Бајден“, рече Сергеј Лавров, повторно предупредувајќи да не се прибегнува кон „мегафон дипломатија“ бидејќи тоа ќе ги попречи напорите.

„Доколку Американците повторно решат да посегнат по јавна дипломатија, тоа е нивна работа и, дури би рекол, тоа е нивен проблем, бидејќи аранжманот за мирна, професионална работа честопати не е поддржан од Американците“, рече шефот на руската дипломатија.