Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека проектите за гасоводот „Северен тек“ и „Турски тек“ ќе бидат остварени и покрај санкциите на САД, додавајќи дека Русија планира да одговори на новите мерки, јави новинската агенција Интерфакс.
Во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предлог-закон со кој се предвидени санкции за фирми кои поставуваат цевки за „Северен тек 2“, кој има за цел да го удвои капацитетот на гасоводната линија кон Германија.
Европската унија исто така изрази спротивставување на санкциите на САД и портпарол на ЕУ изјави дека европските компании водат легитимен бизнис.
„Целта отсекогаш била да обезбеди дека Северен тек ќе работи на транспарентен и недискриминаторски начин со соодветен степен на регулаторен надзор“, рече портпаролот.
„Северен тек“ ќе и овозможи на Русија да ги заобиколи Украина и Полска и да испорачуваагас под Балтичкото Море до Германија.
Преку „Турски тек“ Русија ќе ја снабдува Турција, но и земјите од Балканот и централна Европа со руски гас.