Русија не смета дека е во војна со НАТО во Украина, имајќи предвид дека таквиот развој на настаните би го зголемил ризикот од нуклеарна војна, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, за новинската агенција Ал Арабија.

Како што пренесува прорежимска руска агенција РИА, Лавров изјавил дека Украина е виновна за застојот во мировните преговори.

Тој го обвини Киев за „менување на преговарачките позиции“, поради што, тврди Лавров, преговорите заглавија.