Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров коментираше дека шефот на НАТО покажува дека Алијансата сака да влезе во војна кога се противи на „замрзнување“ на конфликтот во Украина.
„Ако НАТО, преку устата на (генералниот секретар Јенс) Столтенберг уште еднаш изјави дека е против замрзнувањето, како што рекоа, на конфликтот во Украина, тоа значи дека тие сакаат да водат војна. ОК, нека водат војна!” рече тој на прес-конференција во Минск.
Лавров истакна дека кога западните земји признаваат дека без нивните резерви на оружје и разузнавачки информации, „ситуацијата во Украина одамна ќе беше завршена“, тие признаваат дека се директен учесник во хибридната војна против Русија.
Според оценката на Лавров, Западот може да ја напушти Украина „штом му истече интересот“, како што тоа го направи во Авганистан и Ирак, оставајќи ги овие територии во „уништена и опасна состојба“.
