Лавров ја откажа посетата на Атина

Посетата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на Атина е одложена, по тензиите во односите меѓу Атина и Москва попротерувањето на 2 руски дипломати од Грција.

Како што објави руската новинска агенција ТАСС, рускиот амбасадор во Атина, Андреј Маслов, рече дека времето на посетата на рускиот министер за надворешни работи во Атина повеќе не е соодветно.

Атина минатата недела протера двајца руски дипломати и гозабрани влезот во земјата на уште двајца, со обвинение дека се обидувале да поткупат функционери и да поттикнат демонстрации за да ја оневозможат ратификацијата на преспанскиот договор.