Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска ја пофали неодамнешната изјава на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека војната во Украина ја води – НАТО, јавува Индекс.хр.
„Неодамна хрватскиот претседател Милановиќ рече дека ова е војна на НАТО. Тоа е чесно и фер“ изјави Лавров на прес-конференција.
Милановиќ: Украина ќе заврши како Авганистан, санкциите се глупост
Зоран Милановиќ викендов во Вуковар изјави дека „Вашингтон и НАТО водат индиректна војна против Русија преку Украина“.
Милановиќ рече дека одлуката за обука на украински војници или било каква вмешаност во војната треба да биде избор на Хрватска, која не треба да го прави тоа што и го наметнуваат поголемите сили.
„Вашингтон и НАТО водат прокси војна против Русија преку Украина. И обратно. Меѓутоа, ако ја немате крајната цел, ако немате план, тогаш завршува како Авганистан“, рече Милановиќ.