Лавров чека американска виза да отпатува на Генералното собрание на ОН

Американските власти се уште не им издале виази на рускиот мининистер за надворешни работи Сергеј Лавров и на неговата делегација за да отпатуваат во Њујорк на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации овој месец, пренесува Ројтерс.

Во писмото до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рускиот амбасадор во ОН, рече дека е „алармантно“ бидејќи во текот на изминатите неколку месеци, Вашингтон „континуирано одбивал да издава визи“ на голем број руски делегати на други Форуми на ОН.


Според „договорот за седиштето“ на ОН од 1947 година, од САД генерално се бара да им дозволат на странските дипломати пристап до ОН.
Сепак, Вашингтон тврди дека може да одбие визи поради причини поврзани со „безбедноста, тероризмот и надворешната политика“.

Соединетите Американски Држави долго време им забрануваа на руските дипломати на ОН и на руските делегации во посета да патуваат повеќе од 40 километри од Њујорк без претходно одобрение од Вашингтон.

Во февруари Вашингтон воведе санкции против Сергеј Лавров, обвинувајќи го дека е „директно одговорен за неиспровоцираниот и незаконски натамошен упад на Русија во Украина“. Со санкциите се замрзнуваат сите средства што Лавров може да ги има во САД и генерално им забрануваат на американските граѓани да работат со него.

56-те визи што ги бара Москва се за тим од дипломати да го подготви пристигнувањето на Лавров и неговата делегација за состанокот на високо ниво на Генералното собрание на ОН во Њујорк, што почнува на 20 септември.