Лани во Арачиново собрани само 970 денари данок на имот!

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски вели дека општините во Македонија немаат направено репроценка на данокот на имот, а базите на податоци им се стари од 2005 година.

Поради тоа, во некои од нив многу е низок процентот на наплата и како пример наведе општина во која имало наплата од само 970 денари во текот на минатата година.

Градоначалникот на Велес најпрво ooдби да ја соопшти која е таа општина, подоцна ја соопшти дека станува збор за скопската општина Арачиново, пренесе Сител.