Лани извршителите наплатиле 144 милиони евра

Највисоки износи на долгови присилно се наплатени од фирмите, потоа од граѓаните а на трето место е државата. Во исто време компаниите биле и први на листата доверители кои успеале да наплатат највисоки износ на побарувања од должниците, пишува Порталб.мк. Најновиот извештај за работата на извршителите покажува дека во 2022 та година е наплатен рекорден износ на долг, повисок од 144 милиони евра а само од граѓаните износ над 40 милиони евра.
Сумата што извршителите присилно ја наплатуваат се зголемува на годишно ниво. Минатата година, според Годишниот извештај за работата на Комората на извршители, бил наплатен рекорден износ на долг од фирми, граѓани и од државата во вкупен износ од 144,3 милиони евра. Ова е највисока наплатена сума на долг од 2006 та година, кога започна присилната наплата на долгови преку извршителите. Само во однос на 2021 та наплатениот долг е повисок за 14,3 милиони евра.
Еве како се движеле наплатите :
2018 година 127 967 000 евра

2019 година 123 255 351 евра

2020 година 123 163 000 евра

2021 година 130 005 233 евра

2022 година 144 350 068 евра
Минатата година биле доставени и рекордни 152 079 барања за извршување, но иако присилно наплатениот износ е рекордно највисок, интересно е дека степенот на реализација на примените барања изнесува 38,27% и тој е најнизок во последните години, што е показател дека се работи за барања за присилна наплата на високи износи. Највисока сума на долг е наплатена од фирмите, износ од 81,7 милиони евра, потоа од граѓаните 40,5 милиони евра а на трето место е државата од која е наплатен долг во виснаа од скоро 23,5 милиони евра.
Во 2022 та во споредба со 2021 та наплатениот долг од граѓаните е зголемен за скоро 3.6 милиони евра, од фирмите за 7,7 милиони евра а од државата присилно се наплатени 3,3 милиони евра повеќе во 2022 та.
Минатата година во земјава функционирале 92 извршители во 11 подрачја на основните судови во земјава. 11 извршители ставиле “клуч “ на врата, најголем дел по лично барање, четворица поради пензионирање а една извршителка поради разрешување. Во истата анализирана година именувани се шест нови извршители.