,,Лајте колку сакате”: Газдата на Time.mk не се откажува од пресметката со ботовите на СДСМ

Најнова вест

Тензии во македонски села во Грција

Нов инцидент во Егејска Македонија, откинати глави на грчки андарти во Воденско (ФОТО)

Сопственикот на агрегаторот за вести Time.mk Игор Трајковски кој ги раскринка ботовите на СДСМ кои координирано споделуваа информација дека Фондацијата Заеви давала помош не се откажува од пресметката со луѓето кои најверојатно се контролирани од партијата на власт со цел да создаваат свои наратив на социјалните мрежи.

По критиките добиени од пропагандата на СДСМ за пресметката со нивните ботови Трајковски објавува за какво филтрирање на пропагандните профили зборува.

Најголем дел од овие ботови се платени или вработени од партијата која ја водеше Заев а сега Ковачевски.

,,Лајте колку сакате, но ако имате барем малку common sense, ќе се согласите дека е глупо, сите TOP10 твитови да се ретвитнати од истите 16-17 акаунти, и само тие. За такво филтрирање зборував”, пишува Трајковски по нападите од членови и активисти на СДСМ.

Во врска со обвинувањата дека тој на својот агрегат прави цензура тој одговара дека не е избришан ниту еден твит со критики.

,,Со самото тоа што вашите критики за time.mk се ,,топ твитс”, и не се блокираат и се прикажани да ги прочитаат сите, се надевам ви кажува нешто”, пишува Трајковски.

Како почна војната на time.mk со ботовите на СДСМ

Газдата на time.mk ги разоткри ботовите на Заев и СДСМ (ФОТО)